Диор претстави луксузен пресврт на тема удобни обувки, со два нови стила – влечки и домашни чизми (патофни) Chez Moi …
Овие силуети, чие име во превод значи „кај мене(дома)“, извезени се со препознатливиот луксузен отпечаток Oblique, кој го пренесе трендот на логоманија во нашите куќи, влечки и патофни.
Папучите Chez Moi, кои доаѓаат во варијанта на темносино кадифе, се нудат во едноставен, рамен стил. Соодветната торба од сино кадифе ги прави погодни за носење каде и да одите.
Домашните чизми Chez Moi, исто така создадени од сино кадифе, добија ѓон што не асоцира со еспадрили. Dior лого панелот, сличен на оној кој го видовме на торбата Book Tote, е зашиен до центарот на средишниот дел на чизмата.