Светот го прифати Париз како еден од најубавите градови на планетата …
Кога помислуваме на Париз, помислуваме на уметност, романса, привлечност и вибрации поврзани со начинот на живот, потполно неспоредлив со кој било друг град во светот, па лесно можеме да се запрашаме дали има потреба од понатамошно унапредување на нешто што е веќе завршено, уникатно?
Очигледно е така, затоа што неодамна градоначалничката на Париз, Ана Идалго, започна проект вреден двесте четириесет и седум милиони евра, задолжен за целосна реставрација на најпознатото место во овој град, Елисејските полиња. Ова е една од најпопуларните локации поради легендарните шопинг улици, има осум ленти за сообраќај и се протега од Триумфалната порта до плоштадот Конкорд, што само значи дека и е потребен голем зелен проект за да може да го надмине влијанието на нејзините грандиозни продавници.
Авенијата долга скоро два километри целосно ќе се трансформира во неверојатна урбана градина, нудејќи место за уживање, а работите ќе бидат завршени до 2024 година.
Сите љубители на градот на светлината, но и оние луѓе кои сакаат да се упатат кон него, секако можат да бидат задоволни со галеријата на фотографии од новиот проект.