Chalet Marco Polo е идеално место за одмор и уживање во луксузно и планинско опкружување …
Овој раскошен ресорт се наоѓа во срцето на славното одморалиште Val d’Isere – Франција, нудејќи им на сите свои посетители интимен луксуз и најелегантна атмосфера на престиж. Сè што е во и околу него е дизајнирано и внимателно испланирано, за да биде најубаво од ваков вид во целиот свет – типична планинска декорација со силно присуство на дрво, камен и крзно, која му дава сосема посебен карактер.
Повеќе од илјада квадратни метри им се достапни на гостите, заедно со ложи, бар, камин, отворени и затворени кујни, балкони и шест соби и апартмани. Објектот е шик израз на луксузна софистицираност со поглед кон Алпите кое буди чувство на стравопочит кај секој посетител.