Познатото јапонско мултидисциплинарно студио „Nendo“ ја дизајнираше колекцијата мебел „Torii“ за италијанскиот бренд „Minotti“.
Оваа линија на мебел е погодна за луѓе кои ги ценат јапонските техники на изработка и дизајн. Оки Сато од Nendo Design работеше на дизајнот на ногарките за да создаде нешто поразлично. Колекцијата содржи заоблени волумени, тенки профили и исклучително детален дизајн.
Интересно е што седиштата и масите се обележани со сјајни метални ногарки инспирирани од традиционалните Torii порти на шинтоистичките светилишта во Јапонија. Седиштата доаѓаат со тенок потпирач за грб кој има вертикално штепови и детали од еко-кожа што поминуваат по работ на перниците.
Колекцијата Torii се состои од софа – со висок или низок наслон, фотељи, мали столици за трпезаријата, отомани, масички за кафе и конзоли во овална форма.
Разновидниот асортиман на производи овозможува дизајн на флексибилен распоред, во кој индивидуалните елементи исто така можат да се комбинираат за да се создаде силно визуелно присуство.