Мачките можат да го направат вашиот живот поздрав и посреќен. Откако ќе ги прочитате сите придобивки, сигурни сме дека некои од вас ќе станат сопственици на мачки …
Мачките можат да помогнат во заздравување на коските, тетивите и мускулите. Звукот кој мачката го произведува обично е знак дека вашето домашно милениче е задоволно и среќно, но овој звук може да има и лековити ефекти. Мачките предат на фреквенција од 20-140 Hz, а некои студии сугерираат дека фреквенциите помеѓу 18 Hz и 35 Hz имаат позитивни ефекти врз нашите зглобови и по повредата.
Мачките можат да го подобрат вашето ментално здравје. Истражувањето спроведено во Австралија покажува дека сопствениците на мачки имаат многу подобро ментално здравје од луѓето без домашни миленици. Ова истражување тврди дека луѓето се посреќни, посамоуверени и помалку нервозни.
Мачките можат да го намалат нивото на стрес и вознемиреност. И тоа многу едноставно, лежејќи ви во скут. Бивното предење може да ви помогне да се чувствувате многу подобро. Покрај тоа, истражувањето покажа дека дури и десетминутно галење на куче или мачка може позитивно да влијае на вашиот стрес и вознемиреност.
Можеби мислите дека спиењето со мачките е лоша идеја затоа што тие се ноќни суштества. Можеби е точно, но не сите мачки се такви. Според ова истражување, престојот на вашето домашно милениче во спалната соба нуди чувство на сигурност и релаксација. Понатаму, ова истражување покажува дека од 46 лица, 41 процент изјавиле дека спијат подобро додека мачките престојуваат во нивната соба.
Мачките ги штитат децата од алергии. Некои истражувања покажуваат дека децата под една година кои биле изложени со мачки имаат помала веројатност да развијат алергии, не само на домашни миленичиња, туку и на вообичаени алергии како прашина, трева и слично.