Сè што јадеме и пиеме го обработува нашиот црн дроб, па затоа е многу важно црниот дроб да е здрав …
Масна и пржена храна, засладени пијалоци, алкохол и лекови може да го загрозат органот кој има функција на филтер во телото. Со здрав црн дроб, забрзувањето на метаболизмот не е тешка работа.
Црниот дроб ќе го исчистиме, а и ќе го забрзаме метаболизмот ако некои од овие намирници ги наоѓаме во чинијата почесто:
Лук – Познат е како природен антибиотик. Покрај тоа што содржи многу корисни материи, го стимулира производството на ензими кои му помагаат на организмот да се ослободи од токсините.
Цитруси – Тие се богати со витамин Ц и содржат моќни антиоксиданти кои му помагаат на црниот дроб побрзо да ги апсорбира штетните материи.
Цвекло и моркови – Цвеклото и морковот се богати со флавоноиди и бета каротен. Благодарение на ова, тие ја стимулираат работата на црниот дроб.
Зелен чај – Зелениот чај е еден од најкорисните напитоци за чистење на организмот и убива микроби поврзани со честички од нечистотија.
Зелен лиснат зеленчук – Зелен лиснат зеленчук содржи многу хлорофил, затоа успешно ги неутрализира и исфрла токсините од крвниот систем.
Ананас – Ананасот е природен диуретик кој ги ослободува токсините од организмот, па затоа е омилен меѓу оние кои сакаат да го забрзаат метаболизмот.
Зелка – Зелката има силно влијание врз ензимите на црниот дроб кои ја регулираат и забрзуваат неговата работа.
Ѓумбир – Ѓумбирот го забрзува метаболизмот и помага при исфрлање на маснотиите од телото. Многумина го избегнуваат поради неговиот специфичен вкус, но е исклучително здрав и корисен за секој што сака да изгуби тежина.