Колекција на Гучи Декор е посветена на патувањето низ главниот град на Италија …
Како и секогаш, домашните производи се карактеризираат со комбинација од неколку расположенија одеднаш. Овој пат гледаме комбинација на винтиџ и поп-арт, кои во моментов се рефлектираат на столици и чинии, свеќници и тапети.
Колекцијата Гучи Декор е исполнета со многу мотиви кои го олеснуваат препознавањето на Maison стилот. Обилната комбинација на бои, дезени, детали и текстури привлекува внимание. Дизајнирана за самоизразување и инспирирана од занаетчиството на италијанските занаетчии.
Познатиот лик на Дизни, Мики Маус, може да се најде на порцеланска чаша со капак и на кутија. Чинии во облик на sвезда и кружните кутии со капаци и задебелени дезени почнуваат да стануваат препознатлив идентитет на Гучи.
Покрај свеќниците и приборот за јадење, колекцијата е богата со фотељи, рачно насликани тапети, перници и покривки.
И покрај фактот дека колекциите на Гучи Декор имаат сезонска природа, различните производи одат добро заедно и личат едни на други. Целта на колекцијата е да нема правила, но ве охрабрува да експериментирате и да го изразите вашиот стил.