Иако сите одбираме црвен лак во разни нијанси или лак со светки на споменувањето на празничниот маникир, се чини дека овие празници и оваа зима ќе бидеме изненадени од ново-стариот тренд, кадифените нокти, односно кадифен маникир. Експертите за убавина ширум светот велат дека ова е апсолутен тренд кој ги изненадил и ги фатил неподготвени.
За оние кои се сеќаваат, овој маникир беше во тренд во 2012 година, а сега е јасно дека е повторно вратен на голема врата. Имено, една од најпознатите уметници за нокти од Лос Анџелес, Ејми Ли, го објави овој тренд на својот Инстаграм профил, проследен со бројни ентузијастички коментари и буквално експлодираа социјалните мрежи.
Засега, оние кои се осмелуваат да го прават овој маникир, претежно се држат до празничните бои, па сепак се надеваме дека ова е само празничен тренд, а не и за сите сезони.