Откако ја претставија својата прва колекција пролет / лето 2021 година, проследена со онлајн прес-конференција со прашања од обожавателите на брендот, дуото Миучија Прада и Раф Симонс одлучија дополнително да ја истражат идејата за вклучување во разговор со клиенти како дел од новата рекламна кампања на Прада.
Конкретно, сликите од новата кампања го истражуваат влијанието на технологијата врз животот во текот на изминатата година и ја препознаваат улогата која ја имаше во зближувањето на луѓето на географски растојанија.
Во својот најдиректен израз, секоја слика активира разговор со поставување директно прашање на гледачите и поканувајќи ги да ги испратат одговорите на официјалната веб-страница на брендот. Според компанијата, добиените одговори ќе бидат дел од тековната презентација на кампањата, овозможувајќи дијалог меѓу двете страни.
Прашањата во кампањата опфаќаат најразлични теми, главно со технологијата, визии за иднината и човечки вредности како што се различност, инклузивност и одржливост. На пример, „Дали креативноста е подарок или вештина?“, „На која утопија целите?“, „Дали облак од зборови ве тера да размислувате за податоците или за небото?“, „Дали треба да забавиме или да забрзаме?“ – меѓу останатите …