Секое семејство во светот има свои празнични традиции …

Некои семејства се собираат на празнична трпеза во пресрет на празниците, други, ги пакуваат и отвораат подароци заедно, додека трети, заедно ги украсуваат новогодишните елки и своите домови. Бројни семејства, исто така, поседуваат украси кои се пренесуваат од колено на колено, претставувајќи му визија на некого од сосема друго време и криејќи ги во себе приказните за изминатите години.

Внимателно вадејќи ги секоја година од кутиите и заштитната хартија, држејќи го секој од нив во рака, и ние самите се сеќаваме на празниците што доаѓаа и поминаа, на најблиските кои беа со нас и кои можеби не напуштија, понекогаш се прашувавме како толку мало парче стакло или пластика може да содржи толку многу во себеси.

Сепак, има луѓе во светот кои најмногу го ценат луксузот, богатството и квалитетот на изработката, кои секоја година ја збогатуваат својата новогодишна елка или празничната декорација со нов примерок.

Овој пат, решивме да ги споделиме со вас петте најскапи празнични украси, кои можете да ги откриете во нашата галерија.

Божиќен венец со дијаманти од Паси Јокинен-Картер (3,8 милиони УСД)

Претставен за прв пат во 2013 година, овој Божиќен венец не личи на кој било друг, бидејќи крие 40 дијаманти и рубини. Со дијаметар од 60 см, венецот е распоред на гранчиња од боровинка, ловор, еукалиптус и бршлен. Финскиот цвеќар на кралското семејство, Паси Јокинен-Картер, го украси со прекрасни цветови на Хелеборус, со цел да ги нагласи дијамантите на посебен начин. Вкупно, овој венец тежи 138,83 карати, со 17,49 карати рубини и 3,03 карати жолти дијаманти кои може да се искористат за нешто друго.

Златна новогодишна елка од Гинза Танака (4,24 милиони УСД)

Јапонската златара Гинза Танака се здоби со голема репутација во светот благодарение на создавањето новогодишни елки од чисто злато. Во 2006 година, тим занаетчии од оваа марка ја претставија својата прва елка направена од чисто злато, која тогаш вредеше 850 000 долари. Во 2012 година, на прославата на 110-годишнината од Волт Дизни, тие ги воодушевија своите обожаватели со уште поспектакуларната новогодишна елка, проценета на 4,24 милиони долари. Елката била висока 2,4 метри, тежела 40 килограми и накитена со неколку иконски ликови со потпис на Волт Дизни.

Златна фигурина Дедо Мраз од Гинза Танака (1,8 милиони УСД)

Кому му е потребен Дедо Мраз облечен во црвено-бело, кога може да биде направен од чисто злато? Гинза Танака, претходно споменатата марка, успеа повторно да нè воодушеви во 2007 година, кога ја создаде својата прва фигура на Дедо Мраз од чисто злато. Како што дознаваме, занаетчиите работеле на тоа три месеци и користеле неколку дијаманти од 1,7 карати. Фигурата е висока 41 см и тежи неверојатни 20 килограми.

Божиќна sвезда опремена со дијаманти од брендот 77 Diamonds (947.705 УСД)

Висока 20 сантиметри и широка 13 сантиметри, оваа Божиќна sвезда е најлуксузната и најскапа декорација што може да се најде на врвот на една елка. Лансирана во 2015 година од брендот 77 Diamonds, таа ќе му даде посебна искра на вашиот празничен амбиент. Украсена е со повеќе од 280 дијаманти, додека клиентите можат да ја изберат нивната боја. Централниот дел на вездата може да се симне и да се носи како ѓердан, што дефинитивно придонесува за празничната атмосфера.

Божиќна топка од Марк Хуси (110 000 УСД)

Да бидеме искрени – Божиќните топки отсекогаш биле гламурозни, но онаа што ви ја претставуваме сега достигна сосема ново ниво. Создадена како дело на Марк Хасеј, се смета за најскапа празнична декорација и е нагласена со повеќе од илјада дијаманти и 188 рубини, создавајќи прекрасна шема на снегулка.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубави зимски здолништа од H&M!
Следна објаваLouis Vuitton отвори продавница на Bond Street во Лондон
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ