Здолништето е едно од парчињата облека кое си го наоѓа своето место во секоја гардероба, без оглед на сезоната. Покрај топлите џемпери, палта и чизми, своето место во зимската гардероба го најдоа и здолништата на кои тешко им се одолева и кои се идеални за создавање интересни зимски стајлинзи.
Оваа зима, топли плетени здолништа, еко-кожни модели, миди здолништа и здолништа со набори, во комбинација со топли џемпери, се истакнаа како најпопуларни модели. H&M нуди модели кои ќе ве воодушеват. Ја разгледавме тековната колекција и избравме за вас десет особено трендовски модели за кои сме сигурни дека веднаш ќе сакате да ги носите.