Париската танчерска група La Marche Bleu стана херој на новата празнична кампања на Ralph Lauren.
Кампањата „Семејството е тоа што го сакате“ е посветена на семејството, заедништвото и кохезијата. Тимот, предводен од кореографот Лео Вок е познат по својата способност да ги замагли линиите помеѓу модерноста и хип-хоп – културна димензија, што потсетува на приказната на Ралф Лорен.
Покрај La Marche Blue во кампањата учествуваа сценаристот, продуцент и режисерот Грег Берланти и неговиот сопруг Роби Роџерс, манекенот Филип Бред и неговото семејство, членови на американската непрофитна програма Work to Ride професионалниот рагбист Маро Итоје и неговото семејство, актерот, продуцент и дизајнер Едисон Чен и кинескиот супермодел Кин Шупеј.
Празничната колекција на Ралф Лорен вклучува некои од најзначајните силуети на брендот – поло маици и џемпери од кашмир. Оваа сезона, брендот нуди и облека изработена од рециклиран најлон и полиестер.