Шарла Рекордс ви го претставува албумот Two Ways East на дуото Дени Омерагиќ
и Нинослав Спировски.
Се работи за две добро познати имиња на македонската независна музичка сцена
преку нивните проекти како членови на групите Fighting Windmills, Светлост и неколку
други успешни колаборации. За разлика од таму, каде Дени и Нино ги свират
своите матични инструменти – бас/контрабас и саксофон/кларинет,
овде, овие школувани музичари прават исчекор кон музика компонирана и
изведена на две пијана.
Композициите од овој албум се работени првенствено преку процесите на
спонтана композиција и врамена импровизација, како и варијации на
однапред зацртани теми. Жанровски се скоро невозможни за дефинирање,
сместени во контекстот на еклектичен пост-модернизам, иако музичката
историја на авторите неизбежно сугерира free jazz дискурс.
Албумот Two Ways East се состои од 3 композиции со вкупно времетраење од 45 минути и може да се преслуша и на одредено време слободно симне на
следниот линк