Празниците не можат да се откажат: иако не е декември каков што го посакувавме, доброто расположение е обврска кон нас самите. И, што е подобра терапија од шопинг? Можеби еден пар тематски празнични чевли во полна боја и сјај.
Свечените чевли се фантастични за носење, а исто така се совршени како подароци, мали блескави ремек-дела кои не носат во бајковита атмосфера. И – зошто да не – кажете и „збогум“со стил на оваа тешка 2020 година.
Салонки за љубителките на класиката, сандали за посмелите, slingbacks за трендсетерките, па дури и чизми …
Одберете го вашиот омилен модел на „празнични чевли“, кој ќе ве натера да запеете “Jingle Bell …”