Инспиративен празничен изглед …
Дизајнерката и главна ХИТ девојка од Велика Британија, Алекса Чанг, секогаш нè инспирира со својот изглед.
Овој пат, 37-годишната Англичанка избра свилен фустан со дезен и крагна, украсен со машна од кадифе. Овој стајлинг на Алекса потсетува на ученичка која учи во библиотека. Веселите шишки и плетенки дополнително го истакнуваат стилот на ученичка.
Ако не сакате монистри, тогаш овој фустан ќе биде одлична алтернатива за новогодишната облека. Чевли или сандали Мери Џејн (за кои многупати до сега пишувавме), со високи дебели потпетици се совршен пар со овој фустан.