Сезоната на празници официјално пристигна, а брендот Piaget додаде голема доза на гламур …
Поточно, Mandarin Oriental Jumeira, Дубаи и Piaget ги здружија силите за да ја создадат уникатната новогодишна елка лоцирана на надворешната тераса на хотелот, која би сакале да ја видиме додека се збогуваме со оваа тешка 2020 година.
Елката висока шест метри претставува традиционален квалитет на изработка на брендот Piaget, со елементи на хотелската компанија „Mandarin Oriental“, заедно со современиот пристап. Коментирајќи за ова златно чудо, Кристоф Бури, директор на High Jewellery & Exceptional Pieces од брендот Piaget, рече:
„Задоволство ни е што соработувавме со брендот Mandarin Oriental по овој уникатен повод. Со оваа златна новогодишна елка, сакаме да му покажеме на Дубаи која е суштината на брендот Piaget: уникатен квалитет на изработка, неверојатни креации и вистинско чувство за споделување на празничниот дух. Се надеваме дека оваа прекрасна празнична соработка ќе донесе радост и среќа на секој од вас! “.
Покрај исклучителната новогодишна елка, хотелот Mandarin Oriental Jumeira ќе понуди специјални менија за Бадник и Божиќ на 24 и 25 декември, во нивните обожавани ресторани.