Оваа година, сакаме да создадеме празнично расположение што е можно порано: пуштете го албумот на Френк Синатра, украсете ја елката, одберете облека за новогодишната забава и подароци за вашите најблиски.
Ги најдовме најубавите украси од новите колекции на светски брендови.
Тука ќе најдете рачно насликани украси од Диор, минималистички украси од Прада, луксузни sвезди и желади од данската куќа на Георг Јенсен, позлатени со 18К злато и линија на украси и додатоци од Картие.
Било што да изберете, запомнете дека дизајнерската декорација за новогодишната елка е паметна инвестиција. Декорациите можат да се наследат, како и семејниот накит и да се пренесуваат од генерација на генерација.
Dior, Prada, Cartier, Lalique, Baccard, Villeroy & Boch, Waterford, Selfridges, Harrods …