Плишот е задолжителен за посебни прилики, зимски церемонии, но кој вели дека не може да се носи преку цел ден?
Доволен е само блејзер, панталони или здолниште со вечерна мини чанта, за да добиете лежерен шик изглед.
Лидер меѓу трендовите, плишот се врати во прв план на модните писти кај Гучи и Фенди во форма на долги црни фустани украсени со тантела, елегантен костум предложен од Диор и луксузна и аристократска темно сина облека кај Армани.
Но, не застанува тука! Кадифената манија влијае и на додатоците. На кратко, за зимата 2020 година, ќе биде скоро невозможно да не подлегнете на искушението да немате барем едно плишано парче во вашиот плакар. Ако барате инспирација, нашиот избор на плишана облека и модни додатоци ќе ги најдете во галеријата.
Во Скопје побарајте ги моделиве во Guess, Mango, Zara, MaxMara, Pennyblack …