Стрип центар на Македонија-Велес Ве поканува на последната изложба ,која е е дел од проектот„ СТРИП УЧИЛИШТЕ -СТРИПОТ ВО ИНТЕРКУЛТУРНА ЕДУКАТИВНА МИСИЈА 2020“ финансиран од страна на Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Проектот како основна цел има го зацртано развој на Интеркултурноста
како и деметрополизацијата на културата во Р.Македонија преку едукативни стрип активности наменети за млади од разни етнички и други средини.
Млади таленти од : Велес, Скопје, Битола и Куманово ,од различна етничка
припадност , во новонастанатите услови предизвикана од пандемијата КОВИД 19
твореа стрипиви токму на таа тема, но и на други социјални теми .
Преку овој проект се остварува: -зголемување на бројот на млади таленти, од разни етнички припадности, коишто и натаму ке се бават со стрип -афирмација на стрипот како алатка за обработка и решавање на разни теми од општествената сфера.
Список од авторите
1. Тамара Мишовска-Скопје
2. Јана Бутеска-Скопје
3. Ана Марија Благојевска- Битола
4. Ангела Димова – Велес
5. Сибел Исмаилова-Велес
6. Матеј Богатинов-Велес
7. Мартина Величковска- Скопје
8. Марија Арсовска-Велес
9. Анастасија Недељковска-Куманово
10. Ана Марија Стефаноска-Скопје
11. Мерема Сулејмани-Куманово
12. Андреј Ангелковиќ -Куманово
13. Јана Танчевска -Битола
14. Теодора Крстевска-Битола
ДЕН : 15.12.2020 во 18 ч
МЕСТО : ФАНТАСТ-арт студио Емилија и Стојче Тоциновски трговски центар БИСЕР -спроти КАПИТОЛ горен спрат локал бр 40