Со векови, волшебните норвешки шуми се предмет на бајки, народен фолклор и епови …
Куќата Вунденст е вистинскиот начин да се доживее целиот шарм на природата и нејзината нордиска елеганција, а на на сите свои посетители им нуди софистицирано сместување во рамките на неверојатната архитектура, од студиото Хелен и Хард Архитект.
Неверојатната колиба се наоѓа во стрмните брдовити ридови, на шест метри над шумското тло, поткрепена со челични столбови поврзани со неколку стебла на живи борови. Друг интересен аспект на оваа куќа е природната патека која води кон нејзиниот природен рај меѓу крошните.
Локацијата на која се наоѓа куќата не е достапна со автомобил, па гостите мора да одат по планинскиот пат кој води до нејзината структура. Кога пристигнуваат, сите посетители можат да уживаат во глетката која нуди најубав поглед на Хардангерфјорд подолу.
Внатре е можно да се видат мала бања и спална соба, сместени удобно на секоја страна од влезот, додека остатокот од просторот продолжува со кујна / дневна соба поставена спроти стаклената фасада, висока скоро од подот до таванот.
Целиот овој проект изгледа повеќе од невообичаен, со силна тенденција да се експериментира со дрвото како градежен материјал.