Иновативните, футуристички маски кои ви ги претставуваме, доаѓаат со сите потребни карактеристики потребни за да ги заштитат своите корисници од болести …
Со пандемијата на вирусот корона, компаниите стануваат сè поиновативни и креативни во создавањето на маски за лице за да се спречи ширењето на заразните болести.
Компанијата Blanc од Вилмингтон со нејзините дизајнери и инженери за производство, неодамна претставија уникатни маски за лице преку Kikstarter.
Модерниот сајбер визир доаѓа со менливи и сертифицирани HEPA филтри, кои можат да детектираат до 99,7 проценти честички од прашина. Според брендот, овој штитник за лице е далеку поефикасен од обичните, хируршки маски, моделите N95 и повеќенаменските опции. Аеродинамичкиот дизајн е комплетиран со додаток за вакуум кој може да се прилагоди со еластични врвки.
Секој што е заинтересиран за овие неверојатни, футуристички маски, може да го следи развојот на нивниот проект преку кампањата Kikstarter, така што ќе можат на време да купат еден модел за себе и да уживаат во сите негови придобивки.