Оваа колекција, некому ќе му ги разубави новогодишните и божиќни празници …
По нивното долгогодишно партнерство, луксузниот бренд Selfridges се обедини со Prada за ексклузивна колекција која се состои од торби и модни додатоци.
Новата колекција е создадена заради повторното отворање на продавницата „Selfridges“, која започна со работа на 2 декември.
Новата колекција вклучува нови шишиња вода со логото на Прада и нови графички мотиви, како и новогодишни аксесоари како украси за новогодишни елки.
Интересен детаљ од колекцијата се прилагодените AirPod слушалки и нараквици. Покрај тоа, се појавуваат и различни видови на чанти кои ќе ги воодушеват сите припаднички на понежниот пол.