POLO Ralph Lauren ни го нуди својот беспрекорен стил во својата нова колекција Holiday 2020 …
Празничната колекција POLO комбинира комотни и одлично кроени парчиња, кои можат да се носат во лежерни и свечени прилики. На пример, класичните парчиња како тартан блејзерот и џемпер POLO Bear изгледаат одлично во комбинација со пар искинати фармерки.
Прифаќајќи ја модерната палета на црната и црвената боја, дополнителните акценти на овој асортиман го ставаат во центарот на вниманието интересниот кариран дезен, кој украсува кардигани, палта и јакни.
Кожните ремени со токи во Western стил додаваат американски момент на празниците, додека плетените капи и шапки и даваат младешки став на оваа сезона.