Сезоната на празници пристигнува …
Ги откривме зимските колекции на лакови и се за вљубивме во нив!
Овие нијанси ќе го надополнат секој ваш изглед.
Исто така, многу е важно во текот на овој напорен месец да одвоите малку време за себе, а најлесниот начин да го направите тоа е – маникир!
За мала забава во канцеларијата или домашното дружење со семејството и најблиските пријатели, подолу ќе ги најдете апсолутно сите хит бои кои би можеле да ги посакате оваа зима!
OPI Happy Anniversary – Ако сте некој кој секогаш сака бела Нова година и Божиќ, лакирајте ги ноктите со оваа боја која ве потсетува на снежна покривка – со додавање на метален сјај.
ZOYA Brighton – Овој златен и сјаен долготраен лак останува цела недела на ноктите.
Essie Wicked – Црниот лак е задолжителен во секоја празнична сезона, бидејќи одлично одговара со сè и одговара апсолутно на сите.
Essie Bordeaux – Единствената подобра работа од чаша црвено вино е истата боја на ноктите.
Christian Louboutin The Noirs – Оваа сина нијанса е апсолутен хит на празничната сезона.