Промените што ги донесе ширењето на пандемијата во нашите животи, логично е дека го преобликуваа и нашиот моден стил.
Зборот „удобност“ стана приоритет за сите нас во однос на изгледот внатре и надвор од куќата, а секако го им го покажа правецот на модните куќи да додадат соодветни парчиња на нивните колекции.
Комбинезоните станаа тренд, плетените топови и панталони ги заменија фармерките, а нашите чизми станаа поудобни. Така се роди најудобниот чевел на годината. Ова се чизмите „Pillow“ од Louis Vuitton кои ги видовме во колекцијата пролет / лето 2021 година. Како што го опишува самото име, тие личат на перница, топли се како јорган и се апсолутно удобни.
Не им требаше долго на современите девојки да ги додадат во нивната гардероба. Чизмите на Louis Vuitton „Pillow“ се толку удобни за носење дури и дома, но и толку топли што се неопходен избор за зимата.
Достапни се во црна, каки и бела боја и имаат класичен LV монограм, бидејќи удобноста сака и мал луксуз. Тие се дефинитивно новата модна опсесија.