Шпанската убавица повторно изненадува со својот префинет вкус …
Кралицата Летиција несомнено ќе остане во историјата како една од најубавите и најмодерни членови на кралското семејство. Секое нејзино појавување е целосен водич за добар вкус и софистициран стил.
И овој стил, дефинитивно ќе влезе во првите 3 најуспешни за целата измината 2020 година.
На еден од официјалните настани, сопругата на Фелипе Шести се појави во сив волнен фустан со виолетова постава, а за да и парира, зеде и капут, кој лаконски го наметна преку рамената.
Елегантниот изглед кралицата го комплетираше со сребрени чевли и минималистичка клач торба.