Златната боја и светките секогаш биле составен дел од брендот Yves Saint Laurent, од култната колекција на висока мода есен / зима 1982-1983 година па се до ден денес.
YSL Beauté, празничен и исклучително женствен новиот дизајн создаден за жени кои го отелотворува вистинскиот дух на брендот Yves Saint Laurent: слободна и секогаш подготвена за вистинската авантура, и во облекување и на забава. Затоа што таа има инстинкт.
Зое Кравиц е новото лице во новогодишната кампања за новиот парфем Black Opium. Самостојна. Таа е таа што ја има контролата. Нејзиниот лов наскоро ќе заврши; полека се открива предметот кон кој се стреми цело време. Огромна скулптура во форма на пирамида која се состои од светкави, огнени црвени звучници. Футуристичка елка полна со примамливи подароци …