Плетени, со принт и пастелни …
За зимата не се резервирани само обемните џемпери и тесните фармерки, туку и долгите удобни фустани кои може да се носат со чизми и патики.
При изборот на соодветен модел, обрнете внимание на кројот – треба да биде едноставен и слободен, а нијансата да биде што е можно понеутрална, бидејќи во новата сезона во мода се чоколадо и каки нијанси.
Сепак, љубителките на класиката исто така ќе бидат среќни – едноставните макси фустани ќе го заземат гордо своето место во гардеробата. А, за дамите со романтична природа кои не се подготвени да се разделат од летото, најдовме фустани во модерен кариран принт со карнери.