Оваа сезона, два принта одеднаш го зазедоа почесното место на списокот на главни трендови: шаховска табла и облаци.
И, ако првиот допрва стана популарен, ние веќе имавме можност да ја видиме сликата од синото небо во колекциите на Lacoste и Louis Vuitton, а сега и во новата соработка помеѓу брендовите Moschinо и Palace.
Рускиот супермодел Ирина Шајк ја гледаме со топлата зимска јакна од лимитираната линија. Sвездата ја носи јакната во комбинација со тесни црни панталони, ролка и масивни чизми.
Тесните очила и обетки го надополнија нејзиниот лежерен, но многу модерен изглед.