Брендот Salvatore Ferragamo шири празнично расположение преку својата нова кампања наречена Unwrapping Joy…
Зборувајќи за оваа кампања, креативниот директор на брендот, Paul Andrew, изјави: „Традицијата и заедништвото се основните вредности на брендот Salvatore Ferragamo. Нашите традиции во областа на занаетчиството и знаењето, во комбинација со нашата мрежа на италијански занаетчии кои ги користат своите исклучителни вештини, ни даваат можност да создаваме иновации и воодушевувања“.
“За оваа празнична сезона, имаше смисла да се фокусираме на традициите од периодите на уживање во друштво со најблиските и размена на подароци кои беа избрани внимателно и со љубов”.
„Да се биде дел од дизајнот и создавањето на рачно изработени предмети, кои потоа се избрани како совршен подарок за саканата личност е голема привилегија и извор на вистинска радост“, додаде тој.