Зимските денови се пред нас, температурите се спуштаат, а тоа значи само едно: ни треба update на гардероба!
Зимски јакни, џемпери, чизми: сите овие модели ќе ви бидат очајно потребни во наредните денови. Љубителите на зимата едвај ќе ги чекаат студените денови, а оние кои претпочитаат лето, сигурно ќе најдат причина да се радуваат на феноменалните зимски парчиња и комбинации. Ви претставуваме неколку од атрактивните модели на италијанскиот бренд Replay кои се совршени за постудени денови и кои ќе ве стоплат, а во кои дефинитивно нема да останете незабележани.