Ако сте загрижени заради зголемените килограми пред претстојната празнична сезона – не грижете се! Компанијата Hendrick’s Gin ја претстави вистинската работа за вас. Всушност, тие се подготвени да лансираат најсовремен велосипед за домашно вежбање, кој тие го опишуваат како „заносен стационарен апарат со педали, кој нуди лежерна, пријатна алтернатива на опрема за домашно вежбање која моментално е достапна на пазарот“.

Влосипедот Hendrick’s High Wheel е рачно изработен и е вистинско совршенство. Доаѓа со упатства за вежбање и фотографии од шкотските предели. Исто така, велосипедот содржи држач за шише од еден литар, прилагодливо седиште, sвонче и сијалица.

Венс Хендерсон, амбасадор на брендот во Соединетите држави, изјави: „Според наше мислење, модерната опрема за вежбање е премногу захтевна и инвазивна, тие сакаат да го знаат вашиот ритам на срцето, внесот на кислород и да ги споделат вашите физички нивоа со другите. Затоа се одлучивме за оваа порелаксирана варијанта. Земете добар роман во ваши раце, стимулирајте го вашиот ум и возете со задоволство”.

НЕМА КОМЕНТАРИ