Римскиот уметник, Пјетро Руфо, го преработи својот познат хороскопски мотив за нови стилови на славниот бренд …
Откако воведе два удобни стила на чевли на почетокот на овој месец, Dior ја прошири својата колекција Chez Moi.
Дизајнирана од Марија Грација Кјури, новата колекција содржи избрани и елегантни парчиња за уживање дома, со стил.
Во соработка со Руфо, дизајните содржат познати хороскопски мотиви на овој уметник, кои се редизајнирани во форма на светска мапа што ги поврзува небото и земјата, континентите и со cosвездијата, како и флората и фауната. Покрај тоа, Toile de Jouy, еден од познатите модни кодови на куќата, може да се види на комплети пижами, нежни бањарки и удобни пончо.
Другите парчиња вклучуваат Анорак со качулка од тафт-жакард и џемпер Мариниер изработен од кашмир и свила.