Нагласувајќи ја уметноста во производство на скапи часовници и механизмот по кој се познати, Audemars Piguet претставува беспрекорни новитети …
Швајцарската марка на часовници, Audemars Piguet, претстави прекрасна колекција на накит, инспирирана од часовниците Royal Oak. Наречен K.I.S.S. (Keep It Super Simple), новата колекција всушност го означува двегодишното партнерство на брендот со златарката, Каролин Буки.
Колекцијата се одликува со нараквици и ѓердани, претставува креации инспирирани од високата уметност на изработка часовници, позната како Haute Horlogerie. Соработката помеѓу брендот Audemars Piguet и Буки започна во 2018 година, кога тие заеднички го создадоа часовникот со ограничено издание на Royal Oak Frosted Gold.