Оваа година, повеќе од било кога, се фокусиравме на удобноста во нашите домови, бидејќи сме принудени да поминуваме поголем дел од слободното и работното време во нив …
Сите ситници кои досега не сме ги забележувале, го привлекоа нашето внимание – некои ни измамија по некој осмев, додека други почнаа да ни пречат. Бројни брендови дадоа се од себе да ни ги понудат своите новини на различни начини и да го олеснат овој тежок период, создавајќи удобни парчиња мебел, онлајн настани и многу повеќе.
Меѓу сите нив, посебно се истакна Roberto Cavalli, со својата софа Malawi.
Malawi е рафинирана и шармантна софа, чиј дизајн е инспириран од душата на познатиот бренд – тоа е парче мебел кое има женствен и ултра шик стил во деликатна розова нијанса.
Занаетчиската традиција на работа со кожа, што е уште еден типичен елемент на познатиот бренд, може да се забележи во декоративните реси кои ги збогатуваат потпирачите за раце на оваа софа. Совршените вештини на брендот, исто така претставуваат директна референца на етничката тема, која отсекогаш била дел од ДНК на куќата Roberto Cavalli.