Празнична кампања…
Познатиот моден бренд реши да ја прослави врската помеѓу човекот и кучето во својата нова кампања, која доби форма на прекрасни портрети.
„Поминувајќи повеќе време дома и како сопственик на куче, сакав нашата празнична колекција да ја претстави таа врска.
Таа е автентична и носи позитивност во секој ваш ден “, рече креативниот директор на брендот, Марк Вестон.
Моделите Бабакар Н’доје, Хидетатсу Такеучи и Стат Џенкејевиц позираа во студиото и го споделија своето место пред објективот со три прекрасни кучиња.
Придружени со голема доза на шарм, Dunhill парчињата од кожа, аксесоари и чевли се дел од оваа празнична приказна.