Донатела Версаче го објасни концептот за последната колекција на Версаче: пролет/лето 2021 година:
„Сакав да создадам нешто што ќе ја раздвижи енергијата, нешто што ќе биде во согласност со сите промени во нас“.
“За мене, тоа претставуваше сонување за нов свет. Свет составен од светли бои и фантастични суштества, односно свет во кој сите можеме да живееме мирно заедно. Оваа колекција има разиграна душа и е оптимистичка, сонувачка, позитивна… Ви нуди облека која радост носи“.