Млади ликовни уметници од Кавадарци и нивни гости е традиционла годишна изложба која своето деби го имаше во 2009 година. Акценотот или главниот принцип на изложбата е слободното творечко изразување, без ограничувања и без
инстутиционален, хиерархијски и шематизиран систем. До сега имат учествувано над 70 уметници од градот, државата и гости од надвор.
До сега Младите оваа своја изложба ја реализираа во Музеј Галерија
-Кавадарци, но оваа година заради пандемијата, ограничувањата и протоколите со Ковид-19, Младите уметници својата 11 та по ред изложба ја прикажуваат онлајн и вируелно со подршка на КСП Подиум-Јадро Кавадарци.
Настанот е дел од проектот „Учествуваме, застапуваме, менуваме –
демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку
нов модел на институција на јавно-цивилно партнерство 0.2“ на ЈАДРО
– Асоцијација на независната културна сцена поддржан од Министерството за култура.