Сместен во Тулум,Мексико, хотелот Азулик е вистинска луксузна оаза, сместена помеѓу џунглата на Маите и Карипското Море …
Хотелот е изграден целосно од традиционални и природни материјали, со цел беспрекорно да ја интегрираат својата архитектура со околниот пејзаж.
Во својата понуда има 48 вили лоцирани во срцето на шумата и на работ на рајските плажи, а тие се создадени како резултат на совршена хармонија помеѓу знаењето на предците, природата и уметноста. Отсуството на интернет конекција и електрична енергија ќе ви овозможи уникатно искуство, далеку од вашето секојдневие, со цел повторно да се поврзете со природата, но и со самите себе.
Хотелот Азулик ви нуди вистинска интроспективна авантура преку своите активности – преку спа третмани, медитации, јога, аромотерапија и церемонии од Маја предците, каде неизбежно ќе ја пронајдете својата среќа и ќе зароните во благосостојба.
Всушност, овие активности ќе ви овозможат повторно да ги фокусирате вашето тело и вашиот ум преку 4-те елементи: вода, оган, земја и воздух.
Во однос на гастрономијата, хотелот Азулик нема причина да им завидува на луксузните ресторани во најголемите палати на светот.
Мешавината од јапонската и мексиканската култура го создаде ресторанот TSEEN JA кој се надвиснува над надстрешницата, благодарение на неговите маси високи неколку метри.
Погледот кој ви го одзема здивот и деликатноста на гастрономските деликатеси ќе ви дадат можност навистина да уживате во нешто сосема друго. Хотелот има и уште 3 ресторани кои ќе ги разбудат сите ваши сетила преку локални, квалитетни и ретки производи.
Покрај еколошки одговорниот пристап, хотелот отвори и своја уметничка галерија за промовирање на локални и меѓународни креации. Водени од авангардните вредности, уметниците претставени во галеријата нудат вознемирувачка визија за светот со почит кон природата и луѓето.