Луксузен пристап на модните додатоци, инспирирани од високата технологија …
Фенди ја презентираше соработката со Chaos – моден бренд за аксесоари, кој на светот му понуди луксузни парчиња како што се кутиитите за AirPods, ѓердани со запалки и многу повеќе.
Соработката се роди од заедничката љубов кон старите табакери и вечерните клач чанти, со партнерство основано од Карл Лагерфелд, а Силвија Вентурини Фенди продолжи по неговите стапки.
Овој пат, колекцијата претставува луксузен пристап кон модните додатоци кои се инспирирани од високата технологија, користејќи метал и кожа, за да се трансформираат секојдневните парчиња во ексклузивни.
Во каталогот можеме да видиме интересни чанти со додатоци слични на привезоци за клучеви, со монограмот на Fendi FF.