Можеме слободно да кажеме, во последнава година, приватноста доби на цена повеќе од било кога досега …

Прекрасен дом во Њујорк со цена од 28,5 милиони долари…

Овој дом, чија површина е околу 740 квадратни метри, првично е изграден во 1852 година и има италијанска фасада. Станарите во својот ентериер во никој случај не се заглавени во минатото, бидејќи претходните сопственици му подариле значителна трансформација, чиј процес траел две години. Едно од најголемите подобрувања е секако скалилото што е отворено, така што светларникот над него ги исполнува пониските нивоа со прекрасна природна светлина.

По влезната врата од овој дом, од десно се наоѓа салон со поглед на улицата. Тој е нагласен со муралот потпишан од Дин Барџер, кој неодамна соработуваше со реномирано дизајнерско дуо, Роман и Вилијамс во нивниот нов ресторан наречен Вероника. Од другата страна на салонот се наоѓа главната дневна соба, која има неколку интересни детали за дизајнот, вклучително и украсни тавански акценти и мермерен камин.

Можете да стигнете до горните нивоа по скали или лифт, додека самите скали се прекрасно осветлени со величествени каскадни парчиња на осветлување. Тие ќе ве доведат до спалните соби, од кои три има на второто ниво, додека на третото ниво се наоѓа маестрален апартман и два дополнителни на четвртото.

Под дневната соба е кујната, која е импресивна по нејзината опрема. 

Просторот се отвора кон градината во дворот, кој внесува допир од екстериерот во ентериерот. Покрај тоа, на ова ниво има ложа, теретана и просторија за игри, која може да се трансформира во приватно кино.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБајковита кампања на DIOR RESORT 2021 година!
Следна објаваTiffany & Co. во декември отвора ново кафуле Blue Box!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ