Според неодамнешниот извештај на Lyst, Gucci е најпопуларниот бренд во светот.
Додека Гучи се искачуваше од третото на првото место, спортската марка Nike падна од првото на третото место. Off-White™, кој беше на врвот на листата, останува на второто место.
Gucci го освои првото место за прв пат од вториот квартал на 2019 година кога го замени Off-White™.
Во првите десет се наоѓаат големи луксузни брендови. Prada е четврта, а модната куќа Balenciaga петта. Единственото име што испадна од топ 10 е Burberry, која се најде на 12-тото место зад брендот Valentino.
Платформата за модно пребарување Lyst го следи однесувањето на над девет милиони клиенти месечно. Податоците се собираат врз основа на податоците за пребарување на Google, продажбата на мало и интеракциите на социјалните мрежи.