Добриот блејзер е едно од клучните парчиња за есенската и зимската гардероба во последните сезони. Ако „машкиот“ блејзер е веќе задолжително парче кое не може да се игнорира, комбинацијата со кариран дезен го прави суштински тренд на моментот.
Овие блејзери ги сакаат сите, од Кејт Мидлтон до Џиџи Хадид. А, причината е многу едноставна: потсетуваат на машката мода со тој андроген допир и во кројот и во материајлот, а исто така го прави изгледот доволно формален и лежерен.
Без разлика дале се во големина XSS, како класичниот Виши, или повеќе гранџ, во верзија на макси тартан, популарната црвено-црна боја, не е важно, квадратите ќе бидат апсолутни протагонисти.