Разбудете го празничното расположение со новата колекција шминки на Шанел
И, како што полека се приближуваме до сезоната на празници, Chanel Beauty се приклучи кон групата на брендови кои ги лансираа своите колекции со празничните шминки.
Со елегантни нијанси, новата палета вклучува сенки за очи, руменила, кармини и лакови за нокти.
„Нагласувајќи ги класичните симболи на куќата и истражувајќи ги сите нејзини лица, им дадов на постојните идеи и визии нова енергија и нов дух“, изјави Лусија Пика, креативната директорка на одделот за шминка на познатата марка. Ексклузивната колекција е инспирирана од наследството на Габриел Шанел и златните ланци, кои се само еден од иконските симболи на Шанел.