Оваа сезона, беретките се чини дека се враќаат во модните трендови …
Ова централно парче од париската гардероба, кое го носеше Лили Колинс во популарната серија на Нетфликс „Емили во Париз“, стана незаменлив додаток на трендсетерките во текот на изминатите Модни недели, како и во колекциите на модните куќи.
Од кожните модели кои ги претпочита Бела Хадид до класичните волнени беретки кои ги носи Соланж Смит, опсегот на најмодерни капи на сезоната е невообичаено широк.
За вас ги избравме најубавите аутфити со беретката во главна улога. Инспирирајте се!