Новата линија е инспирирана од првата колекција претставена од основачот на брендот …
Се фокусираме на колекцијата пролет / лето 2021 година, потпишана од Џулиен Досенa, креативен директор на Пако Рабан.
Досена одлучи да и оддаде почит на првата колекција која дебитираше во 1966 година. Имајќи го во предвид концептот на авангарда, најновите парчиња претставуваат редизајнирани секојдневни модели, некои и „претерани“, но секако облека која може да се носи.
За време на Париската модна недела, моделите прошетаа по модната писта во геометриски и цветни комбинации, како и градници и беби дол фустани кои беа во комбинација со продолжени сакоа и фустани од метална мрежа.
Чизмите кои ја обележаа оваа колекција се поставени на це челични рамки, а тие претставуваат редизајнирани модели од архивите на познатата куќа.