Модерните парчиња на осветлување, прилагодени се на современиот начин на живот и на сите наши потреби …
Тие ни нудат едноставност, елеганција, трајност или експлозија на бои, акцентирајќи го секој наш ентериер на посебен начин. Limpid Lights, серија на расвета лансирана од VANTOT во 2015 година, сега нуди прилагодување на боите, кои ви овозможуваат да создадете уникатни аранжмани без ни малку мака..
Иако многумина би помислиле дека овие парчиња за осветлување добиле третман со боја, тие всушност се затемнети со нано техника која додава сенка на рачно дувано транспарентно стакло. Засега, само одредени бои се достапни во оваа колекција, нудејќи ни прекрасни сини нијанси, кои се движат од светло до темно, боја на лосос, маслинесто зелена и многу други.
Со помош на оваа колекција, ќе можете да создадете амбиент акцентиран со омбре ефект, кој, како што и самите знаете, не излегол од мода, ниту планира да го стори тоа.