Zara е една од најпознатите светски трговски марки, а причината зошто е тоа така e фактот што ги носи најновите трендови по малку поевтина цена и со тоа ја прави урбаната мода достапна за секого.
Покрај парчињата облека, овојпат Zara вклучи и долна облека, елегантни ноќници и удобни комплети. Широкиот асортиман на облека дефинитивно е една од главните причини зошто секогаш се враќаме во Zara, а неодамна најавената колекција долна облека, без никакво размислување, дополнително ќе нè „врзе“ со оваа популарна марка. Првата колекција на долна облека доаѓа под името ‘The Female Gaze’ се карактеризира со едноставен и женствен дизајн со меки пастелни тонови и фини свилени материјали. Покрај долна облека, колекцијата вклучува и прекрасни комплети за спиење, бањарки и ноќници, а што се однесува до деталите, фокусот е на тантелата и чистите линии. ‘The Female Gaze’ е одлична комбинација на трендовски и удобни алишта за спиење, односно долна облека, па не се сомневаме дека сигурно ќе најдете нешто за себе.