Уметноста на Бенкси е револуционерна, невообичаена и вреди за секоја цена поставена за неа …
Доказ за тоа е неодамна презентираниот увид на овој уметник во познатото ремек-дело на импресионизмот, потпишано од Клод Моне, кое беше продадено на аукција по цена повеќе од десет милиони долари. Бенкси ја искористи оваа слика за да даде свој коментар на темата загадување на животната средина и ја нарече „Покажи ми го Моне“, а нејзиниот нов сопственик е анонимен купувач. Како што дознаваме, Бенкси ја создал оваа слика во 2005 година, а на неа се прикажани напуштени колички и портокалов конусен сообраќаен предмет покрај оригиналната верзија на Моне.
„Вандализираните слики го рефлектираат животот каков што е сега. Вистинската штета на нашата околина не ја прават пишувачите на графити и пијаните тинејџери, туку големите бизниси и потрошувачкото општество“, рече контроверзниот уметник.
Сликата беше понудена како дел од изложбата “Crude Oils: A Gallery of Re-mixed Masterpieces, Vandalism and Vermin”, заедно со други реномирани дела. Се продаде за скоро двојно повеќе од проценката во претпродажба. Тоа е второ најскапо дело на тајновитиот британски уметник кое е продадено откако Devolved Parliament минатата година отиде за 12,9 милиони долари.