Брендот Moncler, познат по своите haute couture парчиња, претстави многу необична венчаница со цена од 22.150 долари …
Британскиот дизајнер Крег Грин си постави предизвик да интерпретира јакна од пердув како дел од проектот. Дали успеал во тоа или не, проценете сами, но мора да признаеме дека единствениот сонувачки дел поврзан со овој фустан е фактот дека неодоливо не потсетува на вреќа за спиење.
Во официјалниот опис на фустанот се вели: „Најлонската надворешност на фустанот доби лакирана завршница, додека самиот фустан е исполнет со лесни пердуви, за потоа да се добие форма со помош на корсет и полно здолниште, со дезенирани рабови потпишани од Лиа Кебеде“.
Не ви треба посебно чувство за мода за да разберете на прв поглед дека нешто не е во ред со овој фустан, а критиките на модната јавност се токму такви. Многу корисници на социјалните мрежи ја споредуваат со вреќа за спиење која чини само 18 долари, додека некои тврдат дека би била идеална како облека за негативците од Дизни.
Како вам ви се чини овој фустан?